Линкови за пристапност

Во Тајван спасени 700 лица од тајфунските поплави и лизгање на земјиштето


Властите во Тајван соопштија дека спасувачките екипи извлекле 700 преживеани лица од најмалку три села кои беа погодени од тајфунот Моракот. Тајфунот предизвика големо лизгање на земјиштето.

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани и работат на достава на хуманитарна помош во областа, која поради поплави и лизгање на земјиштето, беше отсечена од останатиот свет.

Од тајфунот што во петокот и саботата го зафати Тајван, досега се регистрирани 63 жртви, а 61 лице и натаму се водат за исчезнати. Тајфунот во неделата го погоди источниот дел на Кина, при што загинаа најмалку осум лица, а беа оштетени или уништени околу 10.000 домови.

XS
SM
MD
LG