Линкови за пристапност

Федералните резерви сигнализираат  стивнување на рецесијата


Креаторите на политиката во американската Централна банка велат дека ќе почнат да ја затвораат владината програма за стабилизирање на економијата, забележувајќи дека рецесијата се намалува.

Федералните резерви во среда објавија дека ќе ги забават плановите за купување на триста милијарди долари во обврзници од американскиот Оддел за финансии. Програмата имаше цел да ги намали потрошувачките каматни стапки.

Банката исто така кажа дека ќе ги задржи краткорочните каматни стапки близу нула за одреден период во иднина, за да се охрабри позајмувањето од банките. Во меѓувреме, нови податоци покажуваат дека во јуни е забележан незначителен пораст на американскиот трговски дефицит со растењето на увозот за прв пат во 11 месеци.

Американскиот Оддел за трговија вели дека дефицитот достигнал 27 милијарди долари во јуни, што е пораст од 26-те милијарди во мај.

Зголемувањето е одраз на порастот на американскиот увоз на добра и услуги за 2,3 проценти – најголем пораст годинава. Американскиот извоз пораснал два процента во истиот месец.

Трговски дефицит се случува кога државата повеќе увезува отколку што извезува. Проширувањето на американскиот дефицит индицира зголемена побарувачка од американските конзументи, знак дека рецесијата почнала да слабее.

XS
SM
MD
LG