Линкови за пристапност

Експертите предупредуваат од потенцијална кибернетска војна


Експертите велат дека целта на кибернетските напади од 6-ти август поради кои привремено беше прекината функционалноста на веб страниците за социјализирање „Твитер“ и „Фејсбук“, била да се замолчи блогер од Грузија. Неговите активности биле клучни за руската воена акција во оваа земја минатата година. Голем дел од кибернетските напади против Чеченија и Грузија биле предвесник за тамошни руски воени операции.

Отворената природа на Интернетот и неговата употреба од страна на владите и приватниот сектор, направи тој да биде лесен плен за непријателски напади.

Хари Радиџи е пензиониран генерал во американското воздухопловство. Тој на администрацијата на претседателот Обама и`изложил одредени препораки за тоа како САД можат најдобро да се заштитат од кибернетски напади. Во однос на опасноста и цената на чинење на ваквите напади, генералот Радиџи, изјави: „Се проценува дека на глобално ниво, во 2008-та се украдени податоци во вредност од еден трилион долари“.

Радиџи зборуваше и за начините на кои земјите и приватните компании можат да за заштитат.

„Она што навистина можете да го направите е да го контролирате ризикот. Ние сме подложни на овие напади. Наивно е да мислиме дека секогаш ќе можеме да ги држиме напаѓачите надвор од мрежата. Треба да претпоставите дека тие се во неа“, рече овој експерт.

Редуџ, кој зборуваше пред Советот за светски прашања во Хјустон, додаде дека колку една земја е понапредна во користењето на комјутерите и интернетот, толку може да биде поподложна на напади, а како пример ја издвои Естонија.

Радиџи изјави дека една од најголемите грижи во Хјустон е комјутерскиот електронски контролен систем, кој е од клучно значење за операциите во енергетскиот систем од кои зависи целата земја.

„Некој може да го нападне индустрискиот контролен систем, под чија контрола се сите вентили, сите системи за дистрибуција кои се користат за вклучување и исклучување на различни аспекти поврзани со енергијата, електричните централи и мрежите за дистрибуција на нафта и гас“, рече генералот Радиџи.

Американската влада и воените претставници работат на подобри системи за одбрана од кибернетски напади и се обидуваат да ги координираат напорите за постигнување на оваа цел.

Секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано вели дека еден од најголемите предизвици, е да се најдат вистински луѓе за справување со овие активности.

„Се поставува прашањето како да го зголемиме бројот на лицата кои ќе ги извршуваат овие задачи, како да регрутираме такви лица и како да го одржуваме бројот на тие експерти, таканаречени кибернетски полицајци, за да го осигураме кибернетскиот простор“, изјави Наполитано.

Таа додаде дека на владата ќе и` требаат најдобрите луѓе што може да ги најде кои ќе ги надмудрат одговорните за нападите.

Наполитано посочи на уште едно прашање – како да се биде креативен и да се предвиди следниот чекор на напаѓачите на системот.

Американската секретарка за домашна безбедност се заложи владата во заштитата на електорнските мрежи да не ја наруши приватноста на граѓаните.

XS
SM
MD
LG