Линкови за пристапност

Дебатата за здравствената заштита во САД добива во жестина 


Американскиот претседател Барак Обама ги обвини критичарите на неговиот план за реформа на здравствениот систем дека шират невистини со цел да го исплашат американскиот народ.

Обама зборуваше на собир во Портсмаут во североисточната држава Њу Хемпшир. Тоа беше прв од трите вакви настани планирани за неделава чија цел е да го приближи својот план до јавноста.

Претседателот Обама ги негираше тврдењата дека неговиот план што нуди опција на осигурување преку владата е исто што и владино преземање на оваа индустрија.

Обама кажа дека „владините бирократи" нема да се „мeшаат" во одлуките врзани за здравствената грижа ниту пак тоа треба да го прават „бирократите на осигурителните компании".

Претседателот Обама рече дека „поздравува жива дебата", но ги повика луѓето да „разговараат еден со друг а не еден преку друг".

Порано во вторник, демократскиот сенатор Арлен Спектер од Пенсилванија беше соочен со граѓани кои викаа на него на сличен собир во градот Либан, во источната држава Пенсилванија.

Советниците на Обама велат дека целта на претседателот неделава е да ги убеди Американците дека предложерните промени ќе бидат во нивна корист.
XS
SM
MD
LG