Линкови за пристапност

Силно невреме во Азија со тајфуни и лизгање на земјиште


Кинеските државни медиуми јавија дека при голем одрон на земјиште предизвикано од тајфунот Моракот се урнале седум куќи во источна Кина при што две лица загинале, а четири се повредени.

Згради се урнале доцна синоќа и во градот Пенгжи во провинцијата Жеџијанг.

Бројот на загинати од двата тропски циклона кои ги погодија делови од источна Азија изминатите денови се искачи на повеќе од 50-тина.

Властите во Тајван велат дека тајфунот Моракот убил најмалку 15 лица и 55 други се водат за исчезнати откако го погодил островот во петокот.

Локални официјални лица и сведоци велат дека стотици луѓе може да се затрупани при одрон на земјиште во село во југоисточен Тајван во неделата. Армиски хеликптери спасиле околу 100 преживеани.

XS
SM
MD
LG