Линкови за пристапност

Почина Јунис Кенеди Шрајвер


Јунис Кенеди Шрајвер, сестра на починатиот американски претседател Џон Ф. Кенеди, и основачот на Специјалните олимписки игри, почина на возраст од 88 години.

Семејството вели дека Шрајвер умрела рано во вторник во болница близу нејзиниот дом во крајбрежен град во Масачусетс.

Шрајвер, која припаѓаше на моќна политичка династија, претрпела серија мозочни удари.

Таа ја основала Специјалната Олимпијада во 1968, спортски настан за ментално болни деца што сега се одржува во повеќе од 150 држави. Движењето било инспирирано, делумно, од нејзината ментално болна сестра Розмари.

Организацијата во соопштение кажа дека Шрајвер го променила светот на подобро како малкумина други во историјата.

Семејството, пак, кажа дека нејзиниот живот ги научил што значи да се живее живот воден од верба, љубов и во служба на други.

Нејзиниот брат, сенаторот Едвард Кенеди кој беше водечки либерал во Конгресот од 1962 и сега се бори со рак на мозокот, кажа дека Шрајвер длабоко ја сфатила лекцијата на кланот Кенеди - дека многу се очекува од оние на кои многу им е дадено.
Претседателот Барак Обама ја фалеше Шрајвер како исклучителна жена која го научила светот дека никаква физичка или ментална бариера не може да е пречка за моќта на човековиот дух.

Меѓу осумте браќа на Шрајвер е и починатиот сенатор Роберт Ф. Кенеди, кој беше убиен додека водеше кампања за претседател во 1968.

Сопругот на Шрајвер, пет деца и 19 внуци биле крај неа кога починала.

Нејзиниот сопруг Ар Сарџент Шрајвербеше првиот диектор на американскиот Мировен корпус и во 1972 потпретседателски кандидат. Нејзината ќерка, Марија, поранешна телевизиска новинарка, е мажена за гувернерот на Калифорнија, Арнолд Шварценегер.

XS
SM
MD
LG