Линкови за пристапност

Двајца загинати при одрон на земјиште во Кина


Кинеските државни медиуми јавија дека при голем одрон на земјиште предизвикано од тајфунот Моракот биле збришани седум куќи во источна Кина при што двајца загинале, а четворица се повредени.

Згради се урнале доцна синоќа во градот Пенгџи во провинцијата Жингјанг.
Бројката на загинати од двата тропски циклона кои ги погодија делови од источна Азија изминатите денови се искачи на повеќе од 50-тина.

Властите во Тајван велат дека тајфунот Моракот уби најмалку 15 лица и остави најмалку 55 други исчезнати кога го погоди островот во петокот.
Локални официјални лица и сведоци велат дека стотици луѓе се затрупани при одрон на земјиште во село во југоисточен Тајван. Армиски хеликоптери спасија околу 100 преживеани.

XS
SM
MD
LG