Линкови за пристапност

Клинтон бара одговорност за злосторставата врз жени во Конго


Американската државна секретарка Хилари Клинтон е во проблематичен регион на Демократската република Конго и ќе им се обрати на жени кои биле жртви на сексуално насилство.

Клинтон отпатува за Гома, главниот град на провинцијата Северна Киву со авион на ОН. Таму ќе се сретне со силувани жртви во камп во кој се сместени 18.000 Конголки.
Во извештај на ОН се посочува дека има најмалку 200.000 случаи на силувани во регионот од 1996-та, кога почнаа престрелките меѓу армијата и бунтовничките групи за минералните богатства на земјата. Меѓу бунтовниците има и сили на Хуту, кои оперираат од крајот на геноцидот во соседна Руанда.

За време на говор пред студенти во Киншаса, Клинтон го нарече насилството во Киву, како „едно од најголемите злосторства врз човештвото“. Таа ги повика студентите да го кренат гласот против сексуалното насилство и корупцијата во Конго.

XS
SM
MD
LG