Линкови за пристапност

Клинтон на африканска турнеја: претседателот на Ангола ветил навремени избори


Американската државна секретарка Хилари Клинтон, која се наоѓа на африканска турнеја по 7 земји, вели дека претседателот на Ангола Хозе Едуардо дос Сантос се заложил за „навремено“ одржување претседателски избори. По средбата со Дос Сантос во главниот град Луанда, Клинтон рече дека тој се обврзал на комплетирање на новиот Устав и одржување избори, иако не даде конкретна временска рамка.

Ангола нема одржано претседателски избори речиси две децении, делумно поради 27-годишната граѓанска војна што заврши во 2002-ра. Претседателските избори треба да се одржаат годинава, но официјални лица велат дека може да бидат одложени до 2010-та, за да бидат одржани согласно новиот устав.

Секретарката Клинтон подоцна замина за Демократската Република Конго, каде беше пречекана со овации од присутните во Киншаса. Таа подоцна посети локална болница со поранешната кошаркарска ѕвезда Дикембе Мутомбо, кој ја финансираше изградбата.

XS
SM
MD
LG