Линкови за пристапност

48 загинати во бомбашки напади во Ирак


Во бомбашки напади во Багдад и во северен Ирак загинале најмалку 48 лица, а повредени се повеќе од 250, јавија ирачките власти. 28 од нив го загубиле животот во експлозии на два камиона-бомби во шиитско село близу северниот град Мосул, а околу 150 биле повредени.

Официјални лица велат дека бомбите уништиле околу 35 куќи во Казна, околу 20 километри источно од Мосул.

Мосул важи за упориште на сунитските бунтовници. Во одвоени, вкупно три бомбашки напади во Багдад, пак, загинале најмалку 20 лица, а биле повредени 100.

Ирачкиот премиер Нури Ал-Малики ги осуди нападите и им порача на одбранбените претставници да ја зајакнат борбата против бунтовниците.

XS
SM
MD
LG