Синоќа во Холивуд - гламур специјално за младите – се доделуваа наградите „Teen Choice“ за ТВ, филмски, музички и спортски достигнувања во делот на индустријата на забава специјализирана за тинејџерите, а врз основа на 83-милиони гласови дадени преку Интернет.
Филмот за вампири „Самрак“ однесе дури 11 награди во најразлични категории, од најдобра драма, до романса и музика. Популарните тинејџерски идоли, 16-годишната Мајли Сајрус и групата „Џонас брадерс“ дома се вратија со шест и пет награди.
Сајрус доби признание за ТВ-комедијата Хана Монтана, како и за најдобра летн песна
„Пред невремето“, во која настапаува токму со браќата Џонас. Иако сега малку повозрасна, посебна награда доби и девојката која започна како тинејџерска ѕвезда – Бритни Спиарс.