Линкови за пристапност

Талебан изврши напад во покраината Логар


Двајца милитанти загинале, а тројца полицајци биле повредени во нападот што шест припадници на Талебан го извршиле во главниот град Пул-и-Алам на покраина Логар јужно од Кабул, на само 10 дена пред претседателските избори.

Властите велат дека милитантите нападнале владини објекти со бомбаши-самоубијци и минофрлачки оган.

Официјални лица велат дека еден милитанти го активирал самоубиствениот појас, но самиот се убил, а друг починал во престрелка со полицијата. Претходно, авганистанското министерство за внатрешни работи јави дека најмалку еден полицаец е убиен.

Заеднички извештај на мисијата на ОН во Авганистан и авганистанскиот оддел на Хјуман Рајтс Воч, објавен во неделата, заклучува дека несигурноста претставува огромна закана за претседателските избори.

XS
SM
MD
LG