Нуркачите се вратија на реката Хадсон близу Њујорк во
понеделникот да продолжат со потрагата
по тела на две жртви на судирот во воздух.
Туристички хеликоптер и мал приватен авион во саботата се
судрија над реката, убивајќи девет лица.
Американските истражители на несреќата велат дека седум тела и остатоците од хеликоптерот веќе се пронајдени. Нуркачите продолжуваат да го бараат пилотот на авионот и еден возрасен патник, како и урнатиот авион.
Претседателката на Бордот за безбедност на
националниот превоз, Деби Херсман, одби да шпекулира за причината за судирот.
Истрагата се очекува да трае со месеци.
Хеликоптерот имал петмина италијански туристи плус
пилотот. Двајца патници и пилот биле на авионот со еден мотор.
Сведоци велат дека двете летала се распаднале и паднале
во реката, тонејќи речиси моментално.
Несреќата се случила во близина на брегот од страната на
Њу Џерси. Според сведоците, судирот се случил толку блиску до брегот што некои
луѓе потрчале да најдат засолниште од
делови што паѓале околу нив.