Американската државна секретарка Хилари Клинтон пристигна
во Демократска република Конго, четврта
станица на нејзината турнеја
низ седум африкански држави.
Во Конго, државната секретарка Клинтон треба да
посети клиника основана од пензионираната американска кошаркарска ѕвезда Дикембе Мутомбо. Таа ќе се
сретне со претседателот Џозеф Кабила во провинцијата Северен Киву.
Порано во понеделник, Клинтон ја заврши посетата на Ангола, каде се сретна со претседателот Хозе Едуардо дос Сантос.
Пред средбата, Клинтон ја поттикна Ангола да ги одржи долго очекуваните претседателски избори. Ангола немала претседателски избори од 1992 и дос Сантос е лидер на државата близу 30 години.
Јужноафриканската држава треба да одржи гласање за претседател годинава, но организаторите велат дека може да им треба повеќе време.
За време на посетата на главниот град на Ангола, Луанда, Клинтон исто така потпиша договор за зголемување на американското финансирање на борбата против СИДА во Ангола за десет милиони долари.