Линкови за пристапност

Ирак: Во бомбашки напади убиени 46 лица


Два камиoни-бомби експлодирале во шиитско село близу северниот град Мосул, во понеделникот, убивајќи најмалку 28 лица и ранувајќи околу 150. Официјални лица велат дека бомбите уништиле околу 35 куќи во Кхазна, на околу 20 километри источно од Мосул.

Мосул се смета за упориште на сунитски бунтовници и милитантите таму извеле голем број напади.

Полицијата во Багдад вели дека во трите експлозии се убиени најмалку 18 лица и ранети повеќе од 94 лица во понеделникот. Шеснаесет лица се убиени во две експлозии чија цел биле дневни наемни работници кои се собрале да најдат работа во главно шиитски делови на главниот град. Трета бомба експлодирала во јужниот багдатски дистрикт Саидија, убивајќи две и ранувајќи 14 лица.

Насилството во Ирак нагло опадна изминатата година, но неодамнешната серија на смртоносни напади зборува за закана која е се` уште е присутна.
XS
SM
MD
LG