Линкови за пристапност

Продолжија разговорите за климатските промени


Претставници на 180 држави учествуваат на средбата во Бон, Германија, во потрагата по консензус за текстот за новиот договор што треба да го замени Протоколот од Кјото, што истекува во 2012-та.

Првиот човек на канцеларијата на ОН за климатски промени Ив де Бер кажа дека делегатите на еднонеделната средба ќе се обидат да го упростат предлог-текстот на новиот договор на 200 страници, на што се работи уште од почетокот од годината. Де Бер рече дека се очекуваат уште неколку состаноци пред завршната средба во Копенхаген во декември.

Во понеделникот, Нов Зеланд најави дека има цел до 2020-та да го намали испуштањето на јаглерод диоксид за 10 до 20 проценти под нивото од 1990-та.

Лидерите на осумте најразвиени индустриски земји во светот минатиот месец се согласија да постават цел за намалување на испуштањето на гасови што предизвикиуваат глобално затоплување за 80 проценти во индустриските земји до 2050-та.

XS
SM
MD
LG