Линкови за пристапност

Републикански сенатор од Флорида во оставка


Републиканскиот сенатор Мел Мартинез од јужната сојузна држава Флорида вели дека ќе даде оставка во американскиот сенат веднаш штом ќе биде назначена негова замена.

Претставници на владата во Флорида велат дека Мартинез им кажал во петокот на поддржувачите дека заминува од функцијата една година пред да му истече мандатот, од лични причини.

Сенаторот планира и формално да ја соопшти оставката. Минатата година Мартинез кажа дека нема да бара реизбор, но ги негираше шпекулациите дека од местото ќе се откаже порано.

Гувернерот на Флорида, Чарли Крист, исто така Републиканец, ќе избере привремена замена.

Гласачите на Флорида го избраа Мартинез во 2004 откако служеше како секретар за домување и урбан развој во администрацијата на тогашниот претседател Џорџ В. Буш. Тој исто така служеше како главен претседавач на Републиканскиот национален комитет.

XS
SM
MD
LG