Линкови за пристапност

Поради економијата - скромни одмори на Американците


Поради економската ситуација, многумина Американци или помалку патуваат за летните одмори, или, едноставно, остануваат дома. Дури и оние семејства чии членови не ги загубиле своите работни места, прават поскромни планови летово. Дека тоа е така, можеби најдобар показател е дека компанијата „Реи“, специјализиирана за опрема за кампување, ја зголемила продажбата на семејни шатори за 20 проценти.

Кристин Ешли, нејзиниот сопруг Марк Шанахан и трите деца, како и многу Американци, ги чувствуваат последиците на економската криза. Марк, кој работи во градежништвото, вели дека тоа значи повеќе време за работа, а помалку за забава со семејството.

„Зимава бизнисот целосно запре. Барав нови клиенти, а летово ќе ми биде приоритет да продолжам да работам, во надеж дека ќе има заработувачка се` до Божиќ“, вели Марк.

Но, Марк и Кристин не се откажуваат од летниот одмор – само планираат да го минат поинаку од вообичаеното.

Кристин, која работи како наставничка, вели дека рецесијата ги принудила да бидат инвентивни, особено кога станува збор за сместувањето:

„Кампуваме дома, или поставуваме шатор кад пријателите-соседи, бараме локација за кампување во близина. Мислам дека децата ќе го паметат ова лето како лето кога сме живееле во шатори“, раскажува Кристин.

Од кампување во колиби, па се` до отседнување кај роднини, семејствата успеваат да најдат начини да ги намалат трошоците, а сепак да се забавуваат.

Кога ќе стане премногу жешко и кога на децата ќе им здодее да играат дома или под шатори во дворот, Кристин вели дека се разладуваат во еден од базените во соседтвото. Ваквите јавни базени станаа мошне посетени места за добра семејна забава во тешката економска ситуација.

XS
SM
MD
LG