Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за продолжување на популарната програма „готовина за стари автомобили" со две милијарди долари.
Обама ја потпиша легислативата во петок. Сенатот продолжувањето го одобри доцна во четвртокот.
Програмата „готовина за стари автомобили", помогна за зголемување на продажбата на автомобили во САД. Преку планот, сопствениците на автомобили добиваат попуст до 4.500 долари за замена на стар автомобил со новокупен.
Претставничкиот дом ја одобри мерката минатата недела за продолжување на нејзиното финансирање. Првичниот фонд од една милијарда долари, беше потрошен за само неколку дена.
Легислативата сега оди кај претседателот на потпис. Администрацијата рече дека програмата без нови пари ќе завршела денеска.