Во серија бомбашки напади врз шиитски верници ширум Ирак загинале најмалку 25 лица, јави ирачката полиција.
Во најсмртоносниот напад на бомбаш-самоубиец пред шиитска џамија во градот Мосул во северниот дел на Ирак загинале најмалку 20, а биле повредени 45 лица. Сведоци велат дека експлозијата се случила кога верниците заминувале од петочната молитва.
Претходно, во серија експлозии на бомби крај патот биле убиени најмалку пет шиитски верници, а повредени многумина, во моментот кога се враќале од светиот град Карбала на југ на земјата.
Друга бомба погодила автобус со верници кога влегувал во багдадскиот кварт Сад`р. Нешто подоцна биле нападнати и два мини-автобуса.