Стапката на невработеност во САД во месец јули неочекувано се намалила, што е еден од досега најсилните сигнали дека можеби завршува најтешката рецесија во земјата уште од времето на Големата депресија.
Во извештајот на владиниот Оддел за труд, објавен во петокот, стои дека стапката на невработеност во јули паднала на 9.4 проценти. Во јуни таа изнесуваше 9.5 проценти. Ова е прво опаѓање од април 2008-ма.
Во јуни биле укинати вкупно 247.000 работни места. Бројката е многу помала отколку што очекуваа аналитичарите, но сепак претставува показател дека пазарот на труд и натаму е слаб.
Во моментов во САД има вкупно 14,5 милиони невработени.
Претседателот Барак Обама деновиве изјави дека планот за стимулирање на економијата во износ од 787 милијарди долари, што тој го одобри неколку месеци откако дојде на функцијата, спречил рецесијата да стане уште полоша.