Линкови за пристапност

Сенатот го потврди новиот амбасадор во Кина


Американскиот сенат го потврди гувернерот Џон Хантсман од сојузната држава Јута за амбасадор во Кина.

Американскиот претседател Барак Обама го назначи републиканскиот гувернер за ова место во мај.

Хантсман зборува кинески и живеел во Тајван како мормонски мисионер. Се очекува тој да дада оставка на функцијата гувернер на Јута во вторник.

Хантсман рече дека донесе приод на „реалист" во работата со Пекинг на економски прашања, климатски промени и во однос на Северна Кореја.

Тој исто така рече дека сака да ја ангажира Кина на поконтроверзни прашања како што се човековите права.

XS
SM
MD
LG