Линкови за пристапност

Пад на барањата за бенефиции заради невработеност


Американската влада соопшти дека минатата недела опаднала бројката на граѓани кои се пријавуваат за компензација поради невработеност.

Одделот за труд јави дека пријавите за бенефиции се намалиле за 38 илјади на 550.000, заклучно неделата, која заврши на 1-ви август.

Сепак, извештајот вели дека бројката на граѓани кои бараат бенефиции за невработени на долг рок се зголемила за 69 илјади, и достигнала 6, 3 милиони.

Администрацијата на претседателот Обама ги користи средствата од стимулативниот пакет во висина од 787 милијарди долари за создавање работни места со цел земјата да излезе од рецесија.

Советник за економски прашања во Белата куќа го бранеше планот во четвртокот, истакнувајќи дека помогнал да се забави падот на економијата.

Кристина Ромер го спореди стимулативниот пакет со лек што го стабилизирал слободниот пад на економијата. Таа предвиде одреден вид на економски опоравок до крајот на годината.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс рече дека администрацијата на Обама не планира друг стимулативен пакет во блиска иднина.

XS
SM
MD
LG