Американски тим научници вели дека ја декодирале целата генетска слика на вирусот на СИДА-та, новина што може да води до изработка на нови лекови за справување со болеста.
Вирусот ХИВ е составен од Рибонуклеаинска киселина што наликува на нишка во вид на лента со сложена генетска структура која му дава инструкции на вирусот како да се однесува.
Д-р Кевин Викс, научник од Универзитетот Северна Каролина, вели дека тој и неговата група колеги употребиле нова техника, што тие ја креирале, која им дала комплетна слика за генетскиот состав на вирусот ХИВ.
Викс додава дека техниката може да води до изготвување на нови третмани за други вируси, како детската парализа, грип и хепатитис Ц.