Линкови за пристапност

Смртна казна за одговорните за бомбашките напади во Индија од 2003-та


Индискиот суд на три лица им одреди смртна казна за вмешаност во нападите во Мумбаи во 2003-та во кои загинаа 52 лица.

Специјалниот суд во Мумбаи одлуката ја донесе во четвртокот, откако минатиот месец ги обвини тројцата Индијци за убиство и заговор за криминално дело.

Адвокатите на осудените планираат да поднесат жалба по судската одлука.

Во пресудата се вели дека тројцата Индијци се виновни за поставување на бомби во две такси возила кои експлодирале на неколку минути едно по друго во делови во Мумбаи каде има голема фреквенција на луѓе.

Обвинителите велат дека нападот претставува одмазда за индиските убиства на муслимани за време на верските немири во индиската држава Гуџарат во 2001-ва година. Обвинителството додаде дека осудените биле членови на милитантната група со седиште во Пакистан, Лашкар-е-Таиба.

XS
SM
MD
LG