Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека нејзината ќерка треба да реши дали ќе ја прифати понудата на добиток во замена за брак.
Кениецот, понудата од 40 кози и 20 крави ја направил во писмо во 2000-та до сопругот на државната секретарка, тогашниот претседател Бил Клинтон.
На средба со граѓаните во Најроби, посредникот ја прашал Клинтон за одговор на предлогот.
Хилари Клинтон одговори дека нејзината ќерка е „многу независна личност“, нo дека секако ќе ја пренесе „љубезната понуда“.
Секретарката Клинтон се наоѓа на 11- дневна турнеја во која ќе посети седум земји во Африка.