Линкови за пристапност

Руски подморници во близина на американскиот брег


Пентагон соопшти дека нема место за вознемиреност што руски подморции се наоѓаат во близина на источното американско крајбрежје, но дека не се знае што прават тие таму.

Портпаролот на Пентагон Џеф Морел рече дека подморниците имаат право да оперираат во меѓународни води на „одговорен начин“. Портпаролот кажа дека и американски порморници повремено оперираат во близина на рускиот брег.

Портпаролот рече дека во Пентагон не знаат што прават руските подморници, но руски официјални лица велат дека тие се на рутинска патрола.

Американски армиски лица велат дека ги забележиле подморниците на околу 320 километри од источното крајбрежје и оти се следи нивното движење изминативе неколку дена. Сепак точната позицијата на подморниците е непозната.

XS
SM
MD
LG