Линкови за пристапност

1959: Годината што промени се`


Многу Американци ја поврзуваат културната револуција, како еманципацијата на жените и рокенролот, со 1960-тите. Нова книга твди дека тие промени се случиле кон крајот на 1950-тите.

Во албумот од 1959-та, „Вид на сино“, трубачот Мајлс Дејвис ги игнорираше класичните скали на џезот. Тој експериментирал во музичка форма, како што се правело и во други области на животот таа година - уметноста, политиката, општествените односи и науката.

Авторот на книгата 1959: The Year Everything Changed или 1959: Годината што промени се`, Фред Каплан вели дека 1959та е времето кога се` почнaло. Каплан е новинар и добитник на Пулицерова награда. Во 1959 се случил првиот трансатлански лет на патнички авион, а на 2-ри јануари 1959-та Советскиот сојуз ја лансираше првата ракета Луна 1, првиот човечки артифакт што излегол од гравитацијата на Земјата.

Каплан вели дека настаните од 1959-та воделе кон мешање на границите меѓу јавното и приватното, литературата и порнографијата, која ја имаме денес во добата на интернет. Издавачот Барни Росет го добил судскиот процес против американската пошта за конфискацијата на примероците од романот со експлицитна сексуална содржина на Лоренс, „Љубовникот на Леди Четерли“.

Во 1959-та за прв пат на национална телевизија се појавил иконокластичниот комедијант – Лени Брус:

„Лени Брус зборуваше за политиката, црквата, сексот и расните односи на начин на кој никој не зборувал во јавноста дотогаш. Се што гледате од таков вид на ТВ-каналите – сето тоа потекнува директно од Лени Брус“, вели авторот на книгата.

Во 1959-та Џон Кенеди се подготвувал да се кандидира за претседател. Многумина за овој млад католик сметаа дека нема шанси да биде избран. Но, Кенеди привлече голем број идеалисти. Вети нови граници, со негови зборови – факелот ќе биде предаден на новата генерација Американци!

„Новите граници беа 1960-тите!. Тоа беше сегашноста, иднината, утрето...Имаше чувство дека нешто е ново на хоризонтот и постоеше апетит за тоа“, вели Каплан.

Авторот го подвлекува значењето на малата направа која беше откриена во 1959-та – микрочипот. Еден микрочип содржеше доволно електична енергија да замени десетици дури и стотици илјади транзистори – врв на достигнувањето од областа на технологијата во тоа време.
„Без микрочиповите немаше да финкцинира ниту дигитрон, а да не зборуваме за телевизија со висока технологија или вселенски комуникациски апарати“, додава тој.

На конечно, 1959-та го одбележала врвот на Студената војна меѓу САД и Советскиот сојуз, како и многу технолошки иновации кои ги зајакнаа капацитетот за уништување, но и за креирање. Како што Фред Каплан поентира во неговата книга - човештвото се уште страда или има корист од многу промени кои настанаа пред половина век.

XS
SM
MD
LG