Линкови за пристапност

Сомалискиот претседател оптимист за односите со САД


Сомалискиот претседател вели дека е оптимист за американската заложбата да и` помогне на неговата влада.

Претседателот Шеик Шариф Шеик Ахмед во интервју за сомалискиот сервис на Гласот на Америка по неговата средба со државната сектерарка Хилари Клинтон во
Најроби рече дека неговата влада добила „целосна поддршка“ од администрацијата на Обама во борбата против исламистичкото бунтовништво, кое се обидува да ја преземе власта.

Тој рече дека Клинтон ветила не само снабдување со оружје за неговата влада, туку и зголемување на хуманитарната помош и реизградба на сомалиската инфраструктура и националните институции.

Сомалија нема ефикасна централна влада повеќе од 18 години, од падот на диктаторот Мохамед Саид Бари во 1991-ва.

Оттогаш, земјата се наоѓа во хаос и конфликти и покрај неколкуте обиди за формирање нова влада.

Шариф е умерен исламист и бил дел од бунтовништвото што се борело за соборување на претходната сомалиска влада и принудување на повлекување на етиопските трупи.

Тој станал претседател во јануари, откако тој и неговата фракција потпишале примирје со исламистите од тврдата линија.

XS
SM
MD
LG