Линкови за пристапност

Обама одбележува 200 дена на функцијата со опаднат рејтинг


Во петок американскиот претседател Барак Обама ќе ги одбележи првите 200 дена на функцијата претседател, додека анкетите покажуваат намалување на поддршката пред се` за реформите во здравството.

Според анкетата на Универзитетот Квинипик, поддршката на јавноста за политиката на Обама опадна од 57 порценти во јули, на 50 проценти за месец август, што е најниско ниво откако тој ја презеде претседателската функција.

Според резултатите на најновото испитување на јавното мислење, 49 проценти од американските гласачи не се согласуваат со начинот на кој претседателот се справува со економијата, додека 52 процента не го одобруваат приодот за реформа на системот за здравствена заштита.

Главната домашна иницијатива на претседателот е да ги намали трошоците за здравствена заштита и да обезбеди здравствено осигурување за 47 милиони неосигурани Американци. Но опозициските републиканци и натаму се противат на, како што велат, високата цена на планот и преголемата улога на владата.

XS
SM
MD
LG