Линкови за пристапност

Нападот на фитнес центарот планиран со месеци


Американски официјални лица велат дека човекот кој отворил оган во фитнес центарот во Пенсилванија нападот го планирал со месеци.

Полицијата вели дека 48-годишниот Џорџ Содини влегол на клас за аеробик и отворил оган во вторникот навечер, убивајќи три жени и себе си.

Истражителите велат дека Содини влегол на класот во Колиер Тауншип, близу градот Питсбург, ги изгаснал светлата и почнал да пука.

Потоа го свртел пиштолот кон себе и се самоубил. Најмалку девет други лица се ранети.

Властите велат дека Содини пишувал за неговите планови да нападне, на интернет. Содини опишал како се обидел да го изведе нападот во јануари, но се повлекол, иако го имал оружјето со себе во вежбалната.

Според неговиот дневник на интернет, Содини бил осамен и фрустриран бидејќи немал девојка од 1984.


XS
SM
MD
LG