Линкови за пристапност

Вооружено лице уби три жени во фитнес-центар во Пенсилванија


Вооружено лице убило три жени во фитнес-центар во Пенсилванија, по што си го одзело животот, соопшти полицијата во оваа североисточна американска сојузна држава. Трагедијата се случила во местото Колиер Тауншип, во близина на Питсбург. Полицијата вели дека напаѓачот упаднал на час по аеробик, ги згаснал светлата, извадил пиштол и почнал да пука. Пукотницата траела неколку секунди, по што напаѓачот се самоубил.

Најмалку седум други лица се повредени. Пет се наоѓаат во критична состојба, со тешки прострелни рани.

Сите жртви се жени. Полицијата ги истражува причините за масакрот.

XS
SM
MD
LG