Линкови за пристапност

Клинтон ги повика африканските лидери да промовираат добро владеење


Американската државна секретарка Хилари Клинтон ги повика африканските лидери да промовираат добро владеење и да се справат со корупцијата и криминалот бидејќи го забавуваат економскиот напредок.

Клинтон говореше во кенискиот главен град Најроби, на отворањето на трговски форум на околу 40 африкански земји кои имаат повластен пристап на американските пазари. Првиот американскиот дипломат рече дека вистинскиот економски напредок во Африка зависи од одговорните влади кои ја отфрлаат корупцијата, го зајакнуваат владеењето на правото и остваруваат резултати за своите народи.

Во кусата снимена видео-порака, американскиот претседател Барак Обама рече дека Африканците во потрагата по иднина на надеж и можности имаат пријател и партнер во САД. Тој потсети на личните врски со Кенија – родна земја на неговиот татко.

Покрај Кенија, Клинтон ќе ги посети и Јужна Африка, Ангола, Демократската Република Конго, Нигерија, Либерија и Кејп Верде.

XS
SM
MD
LG