Линкови за пристапност

САД чекаат на потврда од Иран за тројцата исчезнати Американци


САД велат дека немаат официјална потврда дека тројцата исчезнати Американци се приведени во Иран по обвинение за влегување во земјата од Ирак без дозвола.

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент Роберт Вуд во среда кажа дека нема причини за сомневање по иранските извештаи дека тројцата се уапсени во петокот во близина на иранско-ирачката граница. Но тој кажа дека САД не можат да бараат конзуларен пристап додека иранската влада не даде официјална потврда за апсењето.

САД немаат дипломатски врски со Иран и работат преку швајцарскиот амбасадор во Техеран за добивање информации. Вуд кажа дека амбасадорот го контактирал иранското Министерство за надворешни работи во вторник, каде му било речено дека од министрството ќе се обидат да обезбедат информации за тројцата.

Исто така во вторник, иранската полуофицијална новинска агенција Фарс го цитираше заменик гувернерот на иранската провинција Кордестан кој рекол дека тројцата Американци биле испрашувани и дека не признале никакаков криминал.

XS
SM
MD
LG