Линкови за пристапност

Американските новинарки пристигнаа дома по месеци минати зад решетки во Северна Кореја


Американските новинарки Лора Линг и Јуна Ли во средата се вратија дома по речиси пет месеци минати зад решетки во Северна Кореја. Двете со авион пристигнаа на Лос Анџелес. Поранешниот претседател Бил Клинтон го издејствува нивното ослободување во вторникот во директна средба со севернокорејскиот водач Ким Џонг-ил во Пјонгјанг.

Севернокорејските власти ги уапсија Линг и Ли во март годинава.

Поранешниот претседател Бил Клинтон го издејствува нивното ослободувањеие беа осудени на 12 години робија поради илегално преминување на границата со Кина и вршење на „непријателски дејствија". Новинарките работеле на извештај за севернокорејските бегалци, за американската телевизија Карент, чиј соосновач е поранешниот американски потпретседател Ал Гор.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон, која се наоѓа на африканска турнеја, од Најроби, Кенија ја поздрави веста за ослободувањето на новинарките. Клинтон истовремено го негираше севернокорејското тврдење дека нејзиниот сопруг Бил Клинтон се извинил во име на Линг и Ли.

Белата куќа соопшти дека мисијата на Клинтон била приватна и дека се решил да појде во Северна Кореја откако го замолиле семејствата на новинарките. Владини лица инсистираат дека Клинтон не разговарал за други прашања, како на пример за запрените разговори за нуклеарно разооружување на Северна Кореја, туку само за ослободувањето на Линг и Ли.

Односите со Северна Кореја неодамна се затегнаа поради нуклеарниот тест што официјален Пјонгјанг го изврши во мај, како и серијата последователни тестирања на проектили од долг и кус домет. Нуклеарниот тест повлече резолуција на ОН со која беа воспоставени построги санкции против севернокорејскиот режим.

Клинтон е најистакнатиот Американец кој ја посетил Северна Кореја по Медлин Олбрајт, поранешната државна секретарка во неговата влада, која беше таму во 2000-та. Тој е вториот поранешен американски претседател кој бил во земјата – Џими Картер беше во посета во 1994-та, на мисија што доведе до пресвртен договор за севернокорејската нуклеарна програма.


XS
SM
MD
LG