Линкови за пристапност

Иран ќе ги гони одговорните за малтретирање на приведените


Иран објави дека ќе ги гони одговорните за суровиот третман врз приведени во притворниот центар во кој се држеа демонстранти кои протестирале заради резултатите на претседателските избори.

Државните медиуми објавија соопштение од иранскиот Совет за национална безбедност истакнувајќи дека „ сите виновни“, вклучувајќи и високи официјални лица, ќе бидат „ослободени од нивните досегашни надлежности“.

Минатиот месец, иранскиот врховен водач Ајатолахот Каменеи нареди затварање на затворот Казирак поради кршење на основните човекови права.

Владата вели дека гради нова зграда како компензација за затварањето на Казирак. Иранските медиуми цитираа полициски командир кој вели дека новата зграда треба да биде оперативна следниот месец.

Во меѓувреме, портпаролот на комисијата која вршеше истрага за третманот на притворениците поднесе оставка.

Според Прес ТВ, Казем Џалали, ги демантирал претходните медиумски извештаи дека поднел оставка затоа што комисијата имала пречки во вршењето на истрагата. Сепак, тој не понуди друго образложение за оставката.

XS
SM
MD
LG