Линкови за пристапност

Режисерите во функција на решавање на социјални проблеми


Пример за општествен претприемач е британската поборничка за образование, Ен Котон. Таа започна програма за поддршка на африкански девојчиња чии семејства не можат да им платат да се образуваат. Тие девојки потоа се враќаат во нивните заедници како лидери и образовни работници.

Пред 10 години, извршниот директор за интернет Џеф Скол основал фондација која ќе инвестира во социјални претприемачи и иноватори како Ен Котон. Директорката на фондацијата, Сенди Херц, вели дека Скол се фокусира на каузите кои ги премостуваат светските економски диспаритети.

„Тој долго верувал дека растечкиот јаз меѓу оние што имаат и оние што немаат е двигател на најголемите прашања со кои се соочува иднината на нашата планета“, објаснува таа, „независно дали станува збор за климатски промени, глобално здравје, пандемии, или мир и безбедност“,

За да се справи со овие предизвици, фондацијата инвестира во општествени претприемачи – „луѓе кои имаат системски решенија за на големи предизвици со кои се соочува нашата иднина“, вели Херц. Фондацијата Скол моментално поддржува околу 60 такви лица.

Џеф Скол и неговиот пријател, актерот и активист Роберт Редфорд, веруваат дека филмот е најдобар начин за промоција на тоа што го прават. Со заеднички ресурси од фондацијата на Скол и институтот Санденс на Редфорд, тие основале филмски проект од 3 милиони долари, наречен Приказни на промени.

Од повеќе од 300 предлози, 10 филмски проекти добиле поддршка од 150.000 долари за снимање на документарци.

Кара Мертес, директор на Програмата за документарен филм на Санденс институтот вели дека режисерите минале многу месеци во градење на доверба со социјалните претприемници на чии профили работеле.

“Тоа се комплексни човечки портрети за тоа што е потребно за да се направи промена во светот. Тие не се секогаш добри, ниту пак секогаш постапуваат исправно, зашто како сите човечки суштества, треба да се фатат во костец со тешки проблеми и притоа се прават грешки. Но она што ги издвојува овие луѓе е што се опоравуваат од направените грешки, фаќаат друг правец и доаѓаат до подобро решение“, вели Мертес.

Еден од документарците кој беше финансиран од проектот Приказни од промени се фокусира на нобеловецот од 2006-та, Мухамад Јунус. Јунус развил банкарски концепт познат како микрокредитирање, во Бангладеш, и ја основал Банката Грамин, која дава мали заеми на претприемачи кои се премногу сиромашни да се квалификуваат за традиционално финансирање. Сега неговиот систем на банки е раширен низ цел свет.

Американскиот режисер Гејл Фераро, патувала со Јунус низ светот повеќе од една година за снимање на филмот.

„Јунус отсекогаш верувал дека банките треба да докажат дека се ориентирани кон луѓето„ вели таа и додава дека за разлика од другите финансиски институции, неговите заеми се базирани на потреба.

„Тој е многу скромен и сите ги прегрнува. Мислам дека затоа му оди добро. Прегрнува по 700 луѓе на ден, не претерувам“, вели таа.

Филмот на Фераро документира отварање на една од банките на Јунус во Квинс, Њујорк.

Во другите филмови од проектот Приказни за промени се вклучени напорите за намалување на дигиталната поделба на Африка. Во друг документарец е вклучена организација која основа тајни училишта за авганистански жени и девојки, на кои им било забрането образование во времето на Талебан.

„Некои социјални претприемници работат во зони на конфликт“, вели извршниот директор на Санденс, Кара Мертес. „Документирани се токму таквите услови во кои делуваат социјалните претприемачи, опасностите со кои се соочуваат додека се обидуваат да направат позитивна разлика во светот“.

Режисерите и социјалните претприемачи ја споделуваат желбата за решавање на социјални проблеми, но различно гледаат на вредностите од нивната соработка.

„Социјалните претприемачи гледаат можност во режисерите да ја рашират приказната која ќе мотивира други на акција, а режисерите на социјалните претприемачи гледаат како на луѓе кои од корен го менуваат светот“ , вели директорката на фондацијата, Сенди Херц.

Таа додава дека секој добива со оваа соработка. Проблемите ќе бидат порано отворени и порано решени.

Сара Мендез вели дека филмот предводи на патот кон решенија за глобалните проблеми.

Филмовите од Приказни за промени се очекува да почнат да покажуваат во светот во кино-салите и на телевизија на почетокот од следната година.

XS
SM
MD
LG