Американската државна секретарка Хилари Клинтон со посетата на Кенија ја започнува турнејата низ седум држави во Африка, што има за цел да покаже дека регионот под Сахара е приоритет за владата на претседателот Барак Обама.
11-дневното патување е досега најдолго на Клинтон откако стапи на функцијата во јануари. Таа во среда ќе се обрати на форум во Најроби што се обидува да поттикне американска трговија со околу 40 африкански држави. Официјален Вашингтон во 2000-та одобри увоз без царини и квоти за голем дел од добра од регионот под Сахара, согласно Американскиот акт за африкански растеж и можности (АГОА).
Клинтон ќе се сретне со кенискиот претседател М`ваи Кибаки и премиерот Раила Одинга. Се очекува таа да ги поттикне овие двајца поранешни ривали да го забрзаат процесот на помирување преку надоградба на договорот од 2008-ма за споделување на власта што стави крај на насилството по оспорените избори во 2007-ма.
Клинтон ќе ги посети и Јужна Африка, Ангола, Демократската Република Конго, Нигерија, Либерија и Кејп Верде.