Линкови за пристапност

Северна Кореја ги помилува двете новинарки по посетата на Бил Клинтон


Северна Кореја објави ослободување на двете американски новинарки кои беа затворени во јуни заради илегално влегување во земјата од Кина.

Државната новинска агенција КЦНА го соопшти помилувањето откако поранешниот американски претседател Бил Клинтон се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил. Клинтон замина во Северна Кореја на мисија за преговарање двете жени да бидат ослободени.

Новинарките Јуна Ли и Лора Линг се затворени во Северна Кореја уште од март годинава поради илегално влегување во земјата преку Кина. Тие биле уапсени додека известувале за севернокорејските бегалци во Кина во близина на границата со Северна Кореја. Ли и Линг во јуни беа осудени на 12 години робија. Тие беа обвинети и дека извршиле непријателски чинови против севернокорејската влада.

Новинарките работеа за Телевизијата Карент со седиште во Сан Франциско, чии основачи се поранешниот потпретседател Ал Гор во владата на Бил Клинтон и бизнисменот Џоел Хајт.

Белата Куќа не сакаше да коментира додека траеше мисијата на Клинтон, што ја нарече „приватна мисија за ослободување на двете Американки".

XS
SM
MD
LG