Новите податоци на Одделот за трговија покажуваат дека во јуни, втор месец по ред, е забележано зголемување на потрошувачката во САД.
Владиниот извештај вели дека потрошувачката се зголемила за 0,4 проценти, од 0,1 процент во мај.
Експертите додаваат дека трендот се должи на зголемените цени, особено на бензинот.
Одделот за трговија вели дека личните примања во јуни забележале пад за 1,3 проценти, што е најголемо намалување во последниве четири години. Со ова ситуацијата во однос на личните примања се враќа на исто. Во мај беше забележано нивно зголемување за 1,3 проценти. Примањата беа зголемени преку специјалните исплати од страна на владата, чија цел беше стимулирање на економијата. Ваквите исплати веќе се прекинати.