Линкови за пристапност

Екстремни метеоролошки услови во САД


Американските метеоролози велат дека нова тропска бура е формирана во Тихиот океан, додека друга добива на интензитет близу до неа.

Националниот центар за урагани во Мајами јави дека новоформираната тропска бура Фелиција е 1950 километри југозападно од Баха Калифорнија. Бурата носи ветришта од 75 километри на час.

Метеоролозите велат дека тропската бура Енрике зајакнува. Енрике се наоѓа западно од Фелиција и има ветер со брзина од 95 километри на час.

Во меѓувреме, метеоролозите од државниот универзитет во Колорадо ги намалија предвидувањата за бројот на урагани што ќе се формираат сезонава во Атлантикот.

Метеоролозите сега предвидуваат четири – еден помалку од предвиденото на почетокот од сезоната.

XS
SM
MD
LG