Ирачкиот премиер Нури Ал-Малики го посети северниот град Халабџа, каде вети дека ќе ги казни одговорните за нападите со отровен гас врз курдски цивили во 1988-ма година. Малики ова го вети на вториот ден од посетата што има за цел да ги намали напнатите односи со официјалните лица од автономниот курдски регион во Ирак. Малики рече дека централната влада ќе бара праведно казнување на одговорните за ѕверствата од минатото.
Над 5.000 ирачки Курди загинаа во нападот со гас во март 1988-ма во градот Халабџа, што го извршија силите на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин. На братучедот на Садам Хусеин, Али Хасан ал Маџед, и на уште тројца во моментов им се суди за улога во нападот во Халабџа.
Хусеин го нареди нападот како дел од поширока кампања на „срамнување со земја“ на бунтовништвото на ирачките Курди, на кое гледаше како на помошник на Иран за време на ирачко-иранската војна.
Малики разговара со главните курдски претставници во обид да постигне спогодба за поделба на контролата врз нафтата и земјиштето меѓу автономната курдска влада и централната ирачка влада во Багдад.