Линкови за пристапност

Клинтон на турнеја во Африка


Американската државна секретарка Хилари Клинтон од понеделник е на турнеја низ седум африкански земји, со цел да ја истакне заложбата на владата на претседателот Барак Обама овој континент да биде приоритет на американската надворешна политика.

Прва станица на Клинтон ќе биде Кенија, каде ќе учествува на Форумот за трговска размена и економска соработка меѓу САД и земјите во Африка под Сахара, што се одржува во Најроби. За време на посетата во Кенија, Клинтон ќе се сретне со претседателот на привремената влада на Сомалија, Шеикот Шариф Амед. Таа ќе ги посети и Јужна Африка, Ангола, Демократската Република Конго, Нигерија, Либерија и Кејп Верде.

Африканската турнеја на Клинтон доаѓа нешто помалку од еден месец откако Обама ја посети Гана.

XS
SM
MD
LG