Линкови за пристапност

Каменеи го одобри претседателскиот мандат на Ахмединеџад


Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Каменеи на церемонија во Техеран формално го одобри вториот претседателски мандат на Махмуд Ахмединџад, и покрај широкораспространетите протести.

На настанот не присуствува двајца поранешни претседатели, Мохамед Катами и Акбар Хашеми Рафсанџани, како и поразените реформистички претседателски кандидати, Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби.

По првата победа на Ахмадинеџад на претседателските избори пред четири години, нашироко во јавноста циркулираше фотографија од церемонијата на која тој му бакнува рака на Каменеи во знак на лојалност. Годинава, пак, иранските државни медиуми јавија дека врховниот лидер се повлекол кога Ахмединеџад му се приближил во обид повторно да му ја бакне раката. Наместо тоа, ајатолахот му дозволил на претседателот да му го бакне рамото.

Ахмединеџад ќе даде заклетва во Парламентот на 5-ти август. Тој потоа има две недели да го назначи новиот Кабинет.

Иранските безбедносни лица уапсија стотици активисти, политичари и демонстранти по претседателските избори на 12-ти јуни. Во саботата почна масовно судење против 100-тина приведени.

Поранешниот ирански претседател Мохамед Катами, кој сега е на чело на една од најголемите реформистички партии во земјата, рече дека масовното судење е противуставно.

XS
SM
MD
LG