Американската
државна секретарка Хилари Клинтон го повика иранските власти да дадат
информации за тројцата исчезнати американски туристи за кои се верува дека во
петокот биле приведени во Иран под обвинение дека без дозвола навлегле во
земјата од Ирак. Таа во
понеделникот изјави дека САД се` досега не добиле ни официјална потврда од Иран
дали ги држи тројцата Американци.
САД се обидуваат преку Амбасадата на Швајцарија
во Техеран да дознаат каде се наоѓаат овие лица и да ги вратат дома, рече
Клинтон. САД и Иран немаат дипломатски
односи.
Иранските медиуми под државна контрола во
неделата го цитираа претседателот на Комисијата за надворешна политика на
Собранието на Иран, Аладин Боруџерди, дека „случајот засега се развива со
својот природен тек", но тој не дал дополнителни информации.
Хаким Кадир, шефот за безбедност во ирачкиот
курдски регион во северниот дел на земјата вели дека тројцата Американци
заминале на планинарење за да видат водопад во близина на ирачко-иранската
граница, но дека навидум влегле на иранска страна.