26
лица се повредени, од кои четири сериозно, во воздушна турбуленција поради која
во понеделникот принудно слетал патнички авион на Континентал еарлајнс. Авионот веќе неколку часа бил на пат од Рио
де Жанеиро за Хјустон, кога наишол на турбуленција и слетал во Мајами.
Патниците велат дека авионот нагло изгибил
висина, што предизвикало тие и багажот да бидат исфрлани од местата. Некои од повредените се префрлени во болници
во Мајами.
Во авионот се наоѓале 168 патници и 11 членови на екипажот.