Линкови за пристапност

Иранскиот претседател порекнува разидување со врховниот водач


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад порекнува дека постои разидување меѓу него и врхонвиот водач, ајатолахот Али Каменеи, неколку дена по нивниот јавен спор околу разрешувањето на потпретседателот Есфандиар Рахим Машаи.

Во говор одржан петокот, Ахмадинеџад кажа дека нивниот однос е како меѓу татко и син.

Во време кога продолжуваат протестите што ја оспоруваат легитимноста на повторниот избор на Ахмадинеџад за претседател, тој наиде и на критика од тврдокорните поддржувачи. Таквите критичари изразија сомневање во неговата лојалност кон врховниот водач, откако ајатолахот нареди да биде разрешен првиот ирански потпретседател Машаи, но Ахмадинеџад одолговлекуваше со извршувањето на наредбата. Машаи предизвика контроверзи минатата година со изјавата дека Иран е пријател на израелскиот народ. Веднаш откако Ахмадинеџад го разреши Машаи од функцијата, го назначи за шеф на својот Кабинет.

XS
SM
MD
LG