Линкови за пристапност

Ендевор се врати на Земјата


Американскиот спејс-шатл Ендевор во петокот се врати на Земјата по двонеделна мисија на Меѓународната вселенска станица. Леталото успешно слета на пистата во Вселенскиот центар Кенеди во Флорида, по минати 10 милиони километри.

Екипажот на Ендевор на петпати излезе во вселената, со цел да ја инсталира надворешната платформа на јапонската вселенска лабараторија-Кибо на Станицата. Платформата ќе им овозможи на научниците да изведуваат експерименти во вселенскиот вакум-простор. Екипажот изврши и серија поправки.

Додека Ендевор беше споен со Станицата, во вселената имаше вкупно 13 астронаути, што е најброен екипаж во нејзината историја.

XS
SM
MD
LG