Линкови за пристапност

ОН:  Расте бројот на цивилни жртви во Авганистан


Бројот на цивилни жртви во Авганистан нараснал за 25 проценти во споредба со минатата година, а само во првата половина на 2009-та биле убиени преку 1.000 лица, се наведува во извештај на ОН.

Извештајот на Мисијата за помош на Авганистан ја фрла кривицата за речиси 60 проценти од цивилните жртви на Талебан, најмногу како резултат на патни мини и самоубиствени бомбашки напади. Стотици жртви, според извештајот, се должат и на грешки во воздушните напади на авганистанските владини и меѓународните сили.

Во документот објавен во петокот стои дека милитантите се` повеќе и намерно се префрлаат во цивилни средини, за да ја избришат разликата меѓу борци и цивили, како и дека тоа претставува „активна политика“ чија цел е да предизвика армиска реакција во области каде постои поголема веројатност за цивилни жртви.

ОН предвидуваат дека бројот на загинати најверојатно ќе порасне во наредните неколку месеци, бидејќи се очекува бунтовниците да реагираат на неодамнешното засилување на бројот на американски војници во Авганистан и претстојните избори во земјата закажани за август.

XS
SM
MD
LG