Линкови за пристапност

Убиен водач на милитанти во Нигерија


Меѓународна група за човекови права повика на итна истрага за смртта на водач на радикална исламистичка група во Нигерија, кој беше убиен неколку часа откако полицијата го уапси.

Властите во градот Мајдагури во северниот дел на земјата велат дека водачот на групата Боко харам, Мухамед Јусуф, бил убиен доцна синоќа. Околностите во кои го загубил животот се нејасни. Неколку новински организации тврдат дека тој загинал во престрелка со полицијата, кога се обидел да побегне.

Хјуман Рајтс Воч со седиште во Њујорк во соопштение наведе дека веста е “екстремно загрижувачка“ и повика на итна истрага за смртта на Јусуф.

Нигериските власти ја товарат Боко харам за насилството што изби во неделата откако силите за безбедност уапсија некои од главните лица во групата. Милитантите цели пет дена напаѓаа полициски станици, цркви и владини згради. Во немирите загинаа неколку стотици лица.

XS
SM
MD
LG